Патарината на M50 во Ирска / eFlow

Автоматската патарина на M50 се наоѓа поставена на носач над автопатот помеѓу клучката 6 (Бланчардстаун) и клучката 7 (Лукан) на M50 во Ирска. Патарината е означена со ознаки како што може да се види на сликата погоре.

Носачот на патарината користи комбинација од ласери, радиофарови и камери за да ги открие возилата кои поминуваат под него. Камерите снимаат повеќе слики од возилото и регистарската табличка на возилото. Детали за регистрираните сопственици се обезбедуваат од страна на МВР.

Со возење под овој носач, должни сте да платите патарина за М50. Доколку заборавите да го извршите плаќањето на вашата патарина за M50 пред 20 часот следниот ден од патувањето, на адресата на сопственикот на регистрираното возило автоматски ќе биде испратено писмо со Прво известување за казна (STR).

Доколку сте добиле известување за оваа патарина и би сакале да добиете повеќе информации, најавете се користејќи го Вашиот референтен број и регистерскиот број на возилото што се наоѓаат на Вашето известување.


ЧПП

За M50

emovis operations Ирска (emovis) е во договор со Транспортната инфраструктура на Ирска (TII) за да управува со системот за патарини на M50 (eFlow) во нивно име. emovis е ирска компанија со седиште во Даблин.

eFlow е оператор на системот за патарината без наплатна рампа на даблинскиот автопат M50 и давател на електронски тагови што може да се користат на сите патишта со патарини во Република Ирска. eFlow е регистрирана фирма на TII. Сите приходи од патарините, вклучувајќи ги и казните, кои се собрани на патарините на M50 одат директно кај TII.  Потоа, овие средства се користат за функционирање и одржување на националната патна мрежа во Ирска.

M50 е јавна инфраструктура во сопственост на ирската влада и со неа управува TII, независно статутарно тело утврдено со  Законот за патишта од 2015.

Ве молиме, проверете ја табелата подолу во врска со цената на патарините

Моторни возила и возила за јавни услуги со седење за до 8 патници EUR 3.10
Товарни возила со нетоварена тежина која не надминува 2.000 kg
Автобуси или кочии со седишта за повеќе од 8 патници
EUR 4.00
Товарни возила со нетоварена тежина која надминува 2.000 kg, но не надминува 10.000 kg EUR 5.30
Товарни возила со нетоварена тежина која надминува 10.000 kg EUR 6.40

Доколку не се плати во дадениот рок, тогаш на секое неплатено поминување на патарина ќе биде додадена казна од €3,00. Потоа EPC ќе Ви издаде Стандардно барање за плаќање патарина. Доколку не се плати во рок од 14 дена, ќе Ви биде издадена дополнителна казна од €41,50 за секое неплатено поминување на патарина.

Патарината е поставена на носач над автопатот помеѓу клучката 6 (Бланчардстаун) и клучката 7 (Лукан) на M50. Патарината е означена со ознаки како што може да се види на сликата погоре.

Носачот на патарината користи комбинација од ласери, радиофарови и камери за да ги детектира возилата кои поминуваат под него. Камерите прават повеќе слики од возилото и регистарската табличка на возилото. Детали за регистрираните сопственици обезбедува МВР.

Со тоа што ќе поминете под овој носач должни сте да платите патарина за М50. Доколку заборавите да ја платите патарината за M50 пред 20 часот следниот ден од патувањето, на адресата на сопственикот на регистрираното возило автоматски ќе биде испратено писмо со прво известување за казна (Стандардно барање за плаќање патарина или STR).

Во првото известување за казна е вклучена оригиналната цена на патарината, плус €3,00 казна за задоцнето плаќање.


Плаќање

Плаќањето на овие патарини може да се изврши на разни начини.

Доколку не сте регистрирани со eFlow, регистарската табличка на Вашето возило ќе биде забележана секој пат кога ќе ја поминете патарината и ќе „платите при поминување“. За патувањето мора да платите најдоцна до 20 часот следниот ден. Може да се плати онлајн на веб-страницата на eFlow или можете да ја преземете апликацијата eFlow M50 Quick Pay, која е достапна за Android и iOS.

Доколку сте добиле Стандардно барање за плаќање на патарина откако сте ја платиле патарината, постојат неколку причини за тоа. Прво, Ве молиме, проверете дали уплатата што сте ја направиле е за точниот број на регистрација на возилото и е направена за M50 патарината без наплатна рампа.

Второ, можеби не сте ја платиле целосната цена за патувањето. На пример, доколку сте платиле патарина за М50 за автомобил (€3,10) по крајниот рок за плаќање, тогаш сè уште должите €3,00 како казна за задоцнето плаќање. Ова исто може да значи дека плаќањето може да остане во системот на eFlow и може да се користи за идни патувања. Ве молиме, контактирајте директно со eFlow доколку сакате да го проверите салдото за Вашето возило.

Доколку плаќањето на патарината за M50 и за првото известување за казна или STR не се изврши во рок од 14 дена, тогаш, на адресата на сопственикот на возилото се испраќа Известување за неплатена патарина (UTN).

Во UTN спаѓа цената за оригиналната патарина, првото известување за казна или STR (€3,00) и дополнителната казна за задоцнето плаќање од €41,50.

Доколку во рок од 56 дена од издавањето на Известувањето за неплатена патарина не се изврши плаќањето за покривање на патувањето и казните, тогаш на патувањето се додава казна за задоцнето плаќање од €105,00.

Има голем број даватели на тагови кои може да оперираат на M50. Имињата на овие компании се:

  • eFLow
  • ParkMagic
  • EasyTrip
  • DirectRoute

За да работи Вашиот таг на М50, Вашата сметка мора да биде функционална и Вашето возило мора да биде поврзано со таа сметка. Ако имате сметка со еден од горенаведените оператори и сметате дека Вашата сметка била функционална, контактирајте го давателот.

Следниве возила се изземени од плаќање патарина за М50:

  • Возила модифицирани за лица со посебни потреби
  • Мотоцикли
  • Возила на Советот на округот Фингал
  • Возила на армијата
  • Возила кои вршат одржување на M50
  • Возила на Гардата и на Итната помош

Доколку Вашето возило е изземено од плаќање на патарината за M50, носачот на патарината на eFlow ќе направи слики од Вашето возило и од регистарската табличка кои ќе ги разгледаме за да потврдиме дека Вашето возило е изземено. За да дознаете повеќе, ве молиме, погледнете Транспортна инфраструктура на Ирска Изземања од патарини.

Доколку вашето возило е специјално модифицирано за лица со посебни потреби и не е регистрирано во Република Ирска, ќе Ви биде побарано да обезбедите документиран доказ како што е возачка дозвола која ги прикажува ограничувањата на возачот.

Доколку немате сметка за автоматско плаќање на патарините, патарината за користење на автопатот М50 треба да се плати пред 20 часот следниот ден. Задоцнетите плаќања се предмет на казни како што е опишано погоре.

Можете да извршите уплата на веб-страницата на EPC. Погрижете се да ги имате при рака бројот на Вашиот случај и регистарскиот број на Вашето возило зашто ќе Ви требаат за да платите.