Правни информации

Како меѓународен патник, Вие сте обврзани да ги почитувате правилата и прописите на земјата што ја посетувате, вклучувајќи ги сообраќајните прописи. Euro Parking Collection plc ('EPC') е овластена да помага во обезбедувањето еднаков третман како за домашните, така и за странските возачи и во случај на кршење на домашните правила и настанати казни, тие имаат можност да платат во локалната валута на земјата во којашто живеат.

Властите ширум Европа ја овластија EPC да врши наплата на доспеаните парични казни, давачки или казни издадени на возилата регистрирани во странство. Примероци од овластувањето може да се погледнат во делот Организации што издаваат. Вам, како на регистрирано лице одговорно за возилото/изнајмувач на возилото во времето кога се случил инцидентот Ви е испратена белешка и конечна одлука е дека Вие сте одговорни за плаќањето. Вашата уплата мора да биде испратена до Euro Parking Collection plc пред датумот на доспевање прикажан на белешката за да се избегнат дополнителни давачки.

Понатамошно извршување

Во случај на неплаќање на белешка издадена од EPC, како со домашните возила, организацијата што издава ќе има опции на понатамошно извршување што им се достапни; тие вклучуваат, но не се ограничени на поставување канџи или отстранување на возилата, проверка на возилата дали имаат какви било сообраќајни трошоци/казни додека влегуваат или излегуваат од соодветната земја, покренување правна постапка во земјата на организацијата што издава или во земјата на регистрираното одговорно лице.

Контакти и поплаки

Доколку сакате да контактирате со EPC во врска со известувањето што сте го добиле, изберете Контактирајте со EPC. Ако сакате да напишете поплака за ЕРС, Ве молиме испратете ја на долунаведената адреса.

Оддел за поплаки
Euro Parking Collection plc (EPC)
PO BOX 897
HAYES
UB3 9AU
Обединето Кралство