Белешка за приватност на Групацијата EPC

Општи одредби

Како Групацијата EPC ќе ги користи Вашите лични информации?

Euro Parking Collection plc и нејзините филијали, Contractum Limited, инкорпорирани и регистрирани во Англија и Велс со број на компанија GB3515275 и GB5755117 соодветно, и EPC Hungary Kft., регистрирана во Унгарија со број 01-09-908128, ја сочинуваат Групацијата EPC (EPC).

EPC е специјализирана во идентификување, известување и собирање на неплатени долгови поврзани со сообраќај или јавен превоз, трошоци и казни изречени на возила со странска регистрација или изнајмени возила од странци или лица што не се жители (FRV) низ Европа.

Го почитуваме Вашето право на приватност и во оваа белешка за приватност е објаснето зошто EPC ги собира Вашите лични податоци и начинот на кој ги обработуваме. Ако сакате да стапите во контакст со нас во врска со начинот на кој се постапува со Вашите податоци, Ве молиме пишете до EPC на privacy@epcplc.com

EPC не ги префрла Вашите лични податоци на трета страна надвор од Европската економска зона, освен ако добиеме конкретна согласност од Ваша страна. Можеби териториите надвор од ЕЕЗ немаат соодветни правни заштитни мерки за оние што аплицираат во рамките на ЕЕЗ, но Ве уверуваме дека нашите партнери лоцирани надвор од ЕЕЗ и понатаму ги преземаат сите разумни чекори за Вашите податоци да бидат безбедни и во склад со оваа Политика. Информациите што ќе ни ги дадете ќе бидат чувани безбедно од наша стрна и/или од нашите процесори на податоци сеедно дали информациите се во електронски или физички формат.

Сите информации во врска со Вас ќе бидат обработувани сè додека тоа го налагаат релевантните закони и законските барања за обработка на податоци. Сите лични податоци се зачувани во шифрирана форма и, таму каде што е можно, се под псевдоним.

EPC не Ве обврзува да ни дадете какви и да било податоци што спаѓаат во категоријата посебни податоци кои ја откиваат Вашата расна или етничка припадност, политички ставови, верски или филозофски убедувања, членство во синдикат, генетски или биометриски податоци, податоци во врска со здравјето или со интимниот живот или сексуалната ориентација. Имајте на ум дека, ако во кој и да било момент, особено додека молбата се обработува, ни дадете такви податоци, ние преминуваме на прагматски пристап и ќе ги користиме информациите потребни за разгледување на молбата.

Како субјект на податоци, имате права кои можете да ги користите. Имајте на ум дека мораме да го потврдиме Вашиот иднетитет за да можете да ги користите Вашите права. За да биде овој процес безбеден, Ве молиме, приложете: Фактура/референца/број на случај на EPC и регистарска ознака на возилото (VRM).

EPC се труди да се држи за највисоките стандарди при обработката на личните податоци. Според тоа, мошне сериозно ги сфаќаме сите приговори. Ако сакате да поднесете приговор во врска со начинот на кој сме ги обработиле Вашите лични информации, можете да стапите во контакт со Канцеларијата на комесарот за информации која има функција на законско тело кое го надгледува законот за заштита на податоци: https://ico.org.uk/concerns/

EPC не донесува автоматски сама одлуки.

Ако извршите уплата до EPC, таа ќе биде обработена од нашиот партнер Payex, кој работи согласно Стандардот за безбедност на податоци во индустријата на платежни картички (PCI DSS). EPC не чува никакви информации од Вашата картичка. Сите информации ги обработува Payex, види детали тука.

За да дознаете како ги обработуваме Вашите лични податоци, Ве молиме прочитајте го соодветниот дел од оваа белешка. Имајте на ум дека може да припаѓате на повеќе од следниве групи:

Посетители на нашата веб-страница

Носители на EPC веб-сметка (патарини и казни)

Носители на AutoPASS сметка

Приматели на казна

Приматели на фактури

Луѓе што се јавуваат во нашата служба за информации

Луѓе што нè контактираат по пошта

Луѓе кои го користат формуларот „Контактирајте со EPC“ од веб-страницата

Луѓе што ни праќаат имејл

Кандидати за работа



Посетители на нашата веб-страница

EPC е контролор на податоците што ги собираме на нашата веб-страница.

Кога ќе ја посетите www.epcplc.com, www.contractum.eu или www.epchungary.hu, ние собираме стандарден дневник со информации и детали за шаблоните на посетителот; за повеќе детали видете ја нашата Политика за колачиња. Ова го правиме за да Ви го олесниме пребарувањето.

Со тоа што ќе продолжите да пребарувате, ја прифаќате горенаведената политика.

Ништо од Вашите лични, во овој случај Вашата IP адреса, не се пренесува на трета страна. Ние ја штитиме нашата веб-страница од остри насилни напади така што ги блокираме IP адресите од кои потекнуваат таквите напади и затоа EPC собира IP адреси кои потоа се користат за решавање проблеми и за гарантирање безбедност. Дневниците се чуваат 12 месеци.

Назад на Општи одредби


Носители на EPC веб-сметка (патарини и казни)

EPC е контролор на податоците што сте ни ги доставиле при регистрацијата за лесно користење на онлајн услугата што овозможува управување со плаќањето на патарините и сообраќајните опомени. Во лични податоци спаѓаат: Вашето име, адреса, имејл адреса и регистрација.

EPC ги обработува Вашите лични податоци на темел на договор во кој стапувате кога се регистрирате за веб-сметка под условите изнесени на EPC веб-страница Услови за услуги, и ќе ги обработува Вашите податоци во времетраење на валидноста на договорот и, ако е применливо, во период од 7 години од датумот на плаќање на која и да било казна.

Ако го регистрирате Вашето возило, ќе добиете лесен пристап до известувања, имејлови, уплати, слики и комуникација.

Ако трошоците останат неплатени, Вашиот случај може да биде префрлен кај агенција за наплата или може да бидете повикани на суд, што може да Ви го зголеми долгот.

Назад на Општи одредби


Носители на AutoPASS сметка

Со тоа што ќе ја регистрирате Вашата постоечка AutoPASS сметка, ни давате информации во врска со диференцијацијата за околината на Вашето возило со цел да биде издадена точна фактура. EPC ги обработува овие податоци за пишаните упатства од Statens Vegvesen (SVV), кој е контролор на податоците и со кого може да се контактира на firmapost@vegvesen.no. EPC ќе ги обработува Вашите податоци сè додека добива упатства за тоа од SVV.

Назад на Општи одредби


Приматели на казна

Кога од EPC ќе добиете Опомена за казна (‘PCN’), тоа значи дека имате неплатен долг кон една од Организациите за издавање.

EPC ги обработува Вашите податоци прикажани на релевантното известување од страна на Организацијата за издавање која има дадено овласутвање за своето издание. Организацијата за издавање ги има доделено на EPC своите функции за следење, издавање и наплата од FRV. Доделувањето на функции преку полномошно може да се види ако кликнете тука и тука.

Вашите податоци нема да се користат за никаква друга цел, освен она што е наведено погоре.

EPC добива VRM и детали за прекршокот од Организацијата за издавање, а освен тоа и Вашето име и адреса од релевантниот државен или регионален Орган за регистрација на возила. Ако сакате да добиете информации за тоа од кого сме ги добиле Вашите податоци, Ве молиме пратете имејл на privacy@epcplc.com.

Во некои случаи, EPC ги добива Вашите лични податоци, во форма на VRM, Вашето име и адреса директно од Организацијата за издавање, од компанијата за изнајмување возила или од претходниот регистриран сопственик на возилото. Последното е случај кога официјалниот регистар не бил ажуриран за префрлањето на сопствеништвото.

Меѓутоа, ако сте Носител на EPC веб-сметка, треба самите да ни ги приложите податоците прикажани на PCN.

Вашите податоци нема да се користат за никаква друга цел, освен она што е наведено погоре. EPC ќе ги обработува Вашите податоци сè додека добива упатства за тоа од Организацијата за издавање и, ако е применливо, во период од 7 години по датумот кога сте платиле

Назад на Општи одредби


Приматели на фактури

Кога ќе добиете фактура од EPC, тоа значи дека треба да уплатите за користење на платежните олеснувања од страна на една или повеќе Организации за издавање.

EPC ги обработува Вашите податоци прикажани на релевантното известување од страна на Организацијата за издавање која има дадено овласутвање за своето издание. Организацијата за издавање ги има доделено на EPC своите функции за следење, издавање и наплата од FRV. Доделувањето на функции преку полномошно може да се види ако кликнете тука и тука.

Ако трошоците останат неплатени, Вашиот случај може да биде префрлен кај агенција за наплата или може да бидете повикани на суд, што може да Ви го зголеми долгот.

EPC добива VRM и детали за прекршокот од Организацијата за издавање, а освен тоа и Вашето име и адреса од релевантниот државен или регионален Орган за регистрација на возила. Ако сакате да добиете информации за тоа од кого сме ги добиле Вашите податоци, Ве молиме пратете имејл на privacy@epcplc.com.

Во некои случаи, EPC ги добива Вашите лични податоци, во форма на VRM, Вашето име и адреса директно од Организацијата за издавање, од компанијата за изнајмување возила или од претходниот регистриран сопственик на возилото. Последното е случај кога официјалниот регистар не бил ажуриран за префрлањето на сопствеништвото.

Меѓутоа, ако сте Носител на EPC веб-сметка, треба самите да ни ги приложите податоците прикажани на PCN.

Вашите податоци нема да се користат за никаква друга цел, освен она што е наведено погоре. EPC ќе ги обработува Вашите податоци сè додека добива упатства за тоа од Организацијата за издавање и, ако е применливо, во период од 7 години по датумот кога сте платиле

Назад на Општи одредби


Луѓе што се јавуваат во нашата служба за информации

Целта на службата за информации на EPC е да советува и затоа приговори примаме само во пишан облик. Снимка од Вашиот повик може да се чува во шифрирана форма во период од шест месеци поради следење на квалитетот, обука и верифицирање. Ако во иднина сакате да добиете копија од снимката, треба да нè известите за датумот и времето кога сте се јавиле.

Назад на Општи одредби


Луѓе што нè контактираат по пошта

Кога нè контактирате по пошта, Вие доброволно ги давате Вашите лични податоци и се согласувате да ги обработиме податоците содржани во преписката.

Ако стапите во контакт со нас за да приложите приговор, морате да се согласите Вашите лични податоци да може да бидат дадени на релевантната Организација за издавање која може да биде лоцирана надвор од Обединетото Кралство и ЕЕЗ. Ако приговорот го поднесете по пошта или факс, Ве молиме, вклучете ја и следнава пишана изјава: „Прифаќам дека моите податоци може да ѝ бидат дадени на релевантната Организација за издавање.“ Преписка во која не е содржана ваква изјава нема да се земе предвид.

EPC ги обработува Вашите податоци прикажани на релевантното известување од страна на Организацијата за издавање која има дадено овласутвање за своето издание. Организацијата за издавање ги има доделено на EPC своите функции за следење, издавање и наплата од FRV. Доделувањето на функции преку полномошно може да се види ако кликнете тука и тука.

EPC ќе ги обработува Вашите податоци сè додека добива упатства за тоа од Организацијата за издавање и, ако е применливо, во период од 7 години по датумот кога сте платиле

Ако трошоците останат неплатени, Вашиот случај може да биде префрлен кај агенција за наплата или може да бидете повикани на суд, што може да Ви го зголеми долгот.

Назад на Општи одредби


Луѓе кои го користат формуларот „Контактирајте со EPC“ од веб-страницата

Кога ќе приложите приговор во врска со некоја казна преку формуларот „Контактирајте со EPC“ од веб-страницата на EPC, ни давате дополнителни податоци покрај оние што се веќе обработени (видете Приматели на казни и Приматели на фактури).

EPC ги обработува Вашите податоци прикажани на релевантното известување од страна на Организацијата за издавање која има дадено овласутвање за своето издание. Организацијата за издавање ги има доделено на EPC своите функции за следење, издавање и наплата од FRV. Доделувањето на функции преку полномошно може да се види ако кликнете тука и тука.

За да биде Вашиот приговор земен предвид, морате да се согласите Вашите лични податоци да може да бидат дадени на релевантната организација која може да биде лоцирана надвор од Обединетото Кралство и ЕЕЗ. Ве молиме, следете ги упатствата дадени на нашата веб-страница

EPC ќе ги обработува Вашите податоци сè додека добива упатства за тоа од Организацијата за издавање и, ако е применливо, во период од 7 години по датумот кога сте платиле

Ако трошоците останат неплатени, Вашиот случај може да биде префрлен кај агенција за наплата или може да бидете повикани на суд, што може да Ви го зголеми долгот.

Назад на Општи одредби


Луѓе што ни праќаат имејл

Кога ќе ни пратите имејл, Вие доброволно ги давате Вашите лични податоци и се согласувате да ги обработиме податоците содржани во тој имејл, вклучувајќи ја и вашата имејл адреса.

EPC ги обработува Вашите податоци прикажани на релевантното известување од страна на Организацијата за издавање која има дадено овласутвање за своето издание. Организацијата за издавање ги има доделено на EPC своите функции за следење, издавање и наплата од FRV. Доделувањето на функции преку полномошно може да се види ако кликнете тука и тука.

Исто така, имајте на ум дека, ако не ја платите казната, Вашиот случај, вклучувајќи ја и електронската комуникација, ќе биде проследен за натамошна присилна наплата со можно зголеување на цената.

EPC ќе ги обработува Вашите податоци сè додека добива упатства за тоа од Организацијата за издавање и, ако е применливо, во период од 7 години по датумот кога сте платиле

Назад на Општи одредби


Кандидати за работа

EPC е контролор на податоците што ќе ги доставите при процесот на зачленување и ги обработуваме тие податоци на темел на законски барања. Доколку имате прашања во врска со тоа како постапуваме со Вашите информации, Ве молиме, стапете во контакт со нас на privacy@epcplc.com.

Сите информации што ќе ги доставите при процесот на зачленување ќе се користат само за да се обработи Вашата апликација или за да се исполнат правните или регулаторните барања и ќе се чуваат 12 месеци од датумот кога сте го пополниле постот.

Ниедна информација што сте ја доставиле при процесот на зачленување нема да ја споделиме со трета страна за маркетиншки цели и нема да чуваме ниедна Ваша информација надвор од Европската економска зона. Информациите што ќе ни ги дадете ќе бидат чувани безбедно од наша стрна и/или од нашите процесори на податоци сеедно дали информациите се во електронски или физички формат.

Назад на Општи одредби